Изабела Ковачовска од Пингпонгарскиот клуб Зегин од Берово во категорија двојки заедно со Љупка Шенк од Босна и Херцеговина освоија трето место во младинска категорија на Меѓународен турнир во Нови Сад, Србија.
Традиционалниот и меѓународен турнир во Нови Сад, Србија, се одржа изминатиов викенд со учесници од голем број европски земји што го прави овој успех уште поголем за македонската пингпонгарка.
На турнирот настапија млади пингпонгари од неколку клубови од Македонија и голем дел од нив со добра игра дојдоа до пласман меѓу 64, 32 и 16 најдобри во конкуренција на повеќе од 600 учесници.
„Турнирот во Србија покажа позитивен тренд на развој на младите играчи од македонските клубови, не само по освоениот медал, туку и по прикажаната игра од десетиците наши претставници“ – истакнуваат од Пингпонгарската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА