Екипата на второлигашот БЕСА, го донесе во своите редови искусниот напаѓач Изаир Емини, кој треба да биде ударна игла во нападот на овој тим за обезбедување на прволигашкиот статус следната сезона.
Напаѓачот успеа да обезбеди пласман во Првата лига со Воска Спорт, но се реши изненадувачки да си замине и да му се приклучи на тимот на Беса.
Беса претходно ги ангажираше Јовица Радевски, Александар Борха, Меметриза Хамза, Бурим Садики и Арменд Алими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА