Избегнат мега скандал пред финалето на трката 100 метри (ФОТО)

Во спектаклот на 100 метри спринт Американецот Ноа Лајлс тесно го освои златниот медал, но малку се знае дека на трката за малку ќе и претходеше голем скандал.

Додека натпреварувачите се подготвувале за настапот, еден фан се обидел да влезе на патеката и, најверојатно, да се обиде да испрати некоја порака или, потенцијално, да повреди некого.

Меѓутоа, обезбедувањето реагирало и во последен момент го запрело момчето за да не прави големи проблеми. Во aтлетиката ретко се случува навивачите да налетаат од трибините, но трката на 100 метри е една од најгледаните, и е магнет за испраќање на пораки.

Се појавија слики кои покажуваат како обезбедувањето спречи поголем инцидент.

Се вчитува...