И покрај тоа што Рома можеби доминираше во дуелот со Наполи синоќа, гостите од Неапол стигнаа до трите бода благодарение на голот на Осимен во финишот од средбата. Бодовите ги освоија Елмас и соиграчите, а тоа не им беше драго на играчите на Рома, па тргнаа да ја бараат правдата кај судиите.
Еден таков потег за малку ќе завршеше скандалозно, откако ѕвезда на римскиот тим тргна да се пресметува со судијата Масимилијано Ирати.
А, се почна во 39. минута кога е досуден пенал за Наполи, кој подоцна беше поништен. Бурно реагираа играчите, исто и Мурињо кој бараше дури и жолт картон за играчот на Наполи. Сепак, жолт картон поради слична ситуација е покажан токму на Мурињо во вториот дел. И за победничкиот гол на Наполи, Рома имаше примедби, сметајќи дека имало прекршок од страна на Осимен.
На крајот целата фрустрација ја „извади“ Рик Карсдорп кој тргна да се пресметува со судиите. Поради тоа доби и црвен картон, но Карсдорп не се откажуваше, па тргна да се пресметува со него, но за среќа реагираа останатите играчи на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА