Избегната тешка физичка пресметка – Харден иницираше, Јокиќ, Гордон се замешаа (ВИДЕО)

На крајот од втората половина од четвртиот натпревар меѓу ЛА Клиперс и Денвер Нагетс, речиси беше видена тепачка меѓу кошаркарите на двата тима.

Кристијан Браун го фаулираше Харден, по што Џејмс му одговори на младиот играч на Денвер и му рече нешто директно во лице. На Браун тоа не му се допадна, а потоа Харден го турна, по што Гордон, Јокиќ и Пауел се втурнаа да ги смират страстите.

Сепак, наместо да се смират, тие се разгореа. Харден дури се обиде да го удри Гордон, по што ситуацијата ескалираше.

За среќа, страстите набрзо се смирија и немаше физичка пресметка. Беа доделени шест технички фаули, три за играчите на Денвер, меѓу кои беше и Јокиќ, и три за играчите на Клиперс.

На крајот мечот беше одлучен во последната мили-секунда. Денвер славеше со 99-101 со забивањето на Гордон за израмнување на 2-2 во серијата.

Се вчитува...