Избегната трагедија во Холандија: Навивачите на Ајакс го запалија стадионот во Амстердам (ВИДЕО)

За малку е избегната трагедија на денешното дерби во Холандија меѓу Ајакс и Феенорд. Навивачите на Ајакс запалија дел од стадионот, по што веднаш мораше да реагираат и пожарникарите и да го изгасат пожарот.

За среќа брзата реакција на пожарникарите придонесоа да се избегне голема трагедија. Фановите запалија транспарент, но пожарот брзо се прошири, со што донесе непријатности.

На теренот, Ајакс го совлада Феенорд со 3-2.

Се вчитува...