„Избегнав ампутација на еден мој тестис“

Пред неколку недели, рускиот тенисер Андреј Рубљов откри дека избегнал ампутација по УС Опен, но не објасни за што се работи.

Во моментов тој е во Стокхолм и настапува на турнирот во шведскиот град, а за медиумите откри дека се работело за ампутација на неговите тестиси.

„Морав да направам операција за да избегнам ампутација на еден тестис. Сега се чувствувам совршено, се е како што треба Не знам како да го кажам тоа интелигентно, па тогаш ајде да го направиме забавно. За малку ќе изгубев еден тестис. Многу сум среќен што се заврши добро бидејќи лекарите велат дека имаш само 5-6 часа ако крвта престане да циркулира“, изјави Рубљов. 

Се вчитува...