Избор на капитените: „Вардарци“ доминантни во дрим-тимот на СЕХА

Вардар како бранител на трофејот, но и единствен непобедлив тим во СЕХА-лигата оваа сезона сосема очекувано е и најзастапен кога станува збор за идеалниот тим на ова регионално ракометно натпреварување. Во изборот на капитените на екипите може да се забележи апсолутна доминација на „црвено-црните“, па така Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер, Илија Абутовиќ за најдобар дефанзивец, а во дрим-тимот се уште и Дибиров, Криштопанс, Борозан и Циндриќ.

Во овој идеален тим има место и за македонскиот репрезентативец од Металург, Жарко Пешевски, како и за голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ и за десното крило на Загреб, Златко Хорват.

 

Се вчитува...