Изборен турнир: Со 11 каратисти на Европското првенство во Шпанија

Изминатиов викенд во Скопје се одржа Државното карате првенство за сениори во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати во рамките на кое се одржа изборниот турнир за македонската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија.

На првенството на кое учествуваа 82 спортисти од 25 клубови, одбрана е националната селекција која ќе не претставува во март во Шпанија .

Согласно резултатите од Бергер турнирот (најдобрите шест од секоја тежинска категорија по настапот на државното првенство), Македонија на Европското првенство во Шпанија ќе ја претставуваат:

КАТИ

Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин)

Фери Исиќ (Вардар)

КУМИТЕ

до 50 кг. – Сара Радичевска (Макпетрол)

до 55 кг. – Симона Заборска (Макпетрол)

до 61 кг. – Наташа Стефановска (Макпетрол)

до 68 кг. – Моника Стефановска (Макпетрол)

до 60 кг. – Емил Павлов (Штип)

до 67 кг. – Фаик Весели (Олимпик спорт)

до 75 кг. – Азиз Исмаил (Металург)

до 84 кг. – Берат Јакупи (Ас и арт)

над 84 кг. – Жарко Арсовски (Штип)

За екипните тимови во машка и женска конкуренција во борби тренерот на државната репрезентација дополнително ќе ги соопшти составите и имињата на каратистите кои ќе настапат во екипна конкуренција.

 

М. Апостолоска

Се вчитува...