Избран е составот на новиот Управен одбор на ФФМ

Масар Омерагиќ доби едногласна доверба со акламација да го води македонскиот фудбал во следните четири години на денешното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

На собранието беше избран и Управниот одборна фудбалската федерација на Македонија кој ќе брои четиринаесет лица.

Во следните четири години членови на Управниот одбор на фудбалската федерација на Македонија ќе бидат: Златко Талевски, Светозар Станковски, Берат Исмаили, Сашко Тасев, Игор Франговски, Станко Манчевски, Добре Иванов, Борче Лазаревски, Абдула Сакипи, Марјанчо Стојковски, Горан Гаврилов, Ѓорѓи Угриновски, Џевад Ибрани и Димитар Џонов.

И дополнително на предлог на претседателот: Агим Ибраими – Тетово (поранешен капитен на Македонија), Дарко Костовски – Скопје, Славе Костов – Велес и Владимир Гашевски – Скопје.

У.О. даде поддршка со што беа изгласани и двајца потпретседатели: Марјанчо Стојкоски – ОФС Прилеп и Џевад Дибрани – ОФС Струга

Се вчитува...