Избран идеалниот тим на Копа Америка – Меси, Нејмар…

Избран е идеалниот тим на Копа Америка. Аргентина која успеа да стигне до трофејот има четири претставници меѓу 11 најдобри на шампионатот, а нормално тимот го предводи најкорисниот фудбалер Лионел Меси. Друштво му прават сонародниците, Де Паул, Ромеро и Мартинез.

Нејмар, Маркињос и Кашемиро се претставници на финалистот Бразил, а во идеалниот тим се уште и Колумбиецот Дијаз, Перуанецот Јотун, Исла од Чиле и Еступињан од Еквадор.

 

Се вчитува...