Професионалните фудбалери во Премиер-лигата го избраа идеалниот тим за сезоната 2018/2019. Очекувано, десет од единаесетте играчи во најдобриот тим се од Манчестер Сити и Ливерпул кои до крајот ќе водат мртва трка за освојување на трофејот. Единствен кој успеа да им се приклучи на шестте фудбалери од Сити и четворицата од Ливерпул е ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
На голот на најдобриот тим се наоѓа голманот на тимот од „Етиха“ Едерсон. Одбраната ја сочинуваат „црвените“ Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд, Енди Робертсон и Емерик Лапорт од Сити. Во средината покрај Пол Погба, се најдоа и „граѓаните“ Бернардо Силва и Фернандињо, а во нападот се Рахим Стерлинг, Садио Мане и Серхио Агуеро.
Во сабота официјално ќе биде обелоденото и името на најдобриот фудбалер во Премиер-лигата за тековната сезона, а во игра за престижното признание се Вирџил ван Дајк, Серхио Агуеро, Еден Азар, Садио Мане, Бернардо Силва и Рахим Стерлинг.
The PFA Premier League Team of the Year!#PFAawards | #TOTY pic.twitter.com/YBWOhoJsQI
— PFA | Professional Footballers’ Association (@PFA) April 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА