Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години ремизираше без голови против соодветната селекција на Србија во првиот од двата предвидени пријателски натпревари за време на подготовките пред квалификациите за ЕП.
Селекторот Драган Канатларовски за овој собир се потпре исклучиво на фудбалери од домашните шампионати кои одиграа квалитетен натпревар низ рамноправна игра со пореномираниот противник стигнувајќи до реми.
Двете селекции во четврток (22. октомври) ќе одиграат уште еден пријателски натпревар исто така на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Канатларовски за двата натпревари со Србија повика вкупно 20 фудбалери од домашното првенство, со исклучок на голманот на Црвена Звезда, Васко Василев.
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Васко Василев (Црвена Ѕвезда, Србија);
Одбрана: Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Бленд Зекири (Работнички), Енис Буки (Велазерими), Марко Ристов (Работнички), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Кристијан Поп Антевски (Победа);
Среден ред: Борјан Поповски (Работнички), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Вардар), Ибраим Левент (Вардар), Матеј Ѓоргиев (Брегалница);
Напад: Матеј Ѓурчиновски (Работнички), Марко Треневски (Њу Старс), Дашмир Елези (Шкендија), Бесарт Гуџуфи (Вардар), Ерион Шуку (Шкупи). Љорик Јакупи (Шкендија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА