Ерик Дајер е крајно незадоволен од статусот во Баерн Минхен и веќе во јануарскиот преоден рок ќе си замине од „Алијанц Арена“, информираат англиските медиуми повикувајќи се на извори блиски до овој фудбалер.
Дајер пристигна од Тотенхем и добиваше значајна улога кај Томас Тухел, но ситуацијата се промени откако Германецот доби отказ, а летово на чело на стручниот штаб застана Винсан Компани. Белгиецот не смета сериозно на поранешниот англиски репрезентативец, кој ја грее клупата крај стадардните Упамекано и Ким. Дајер досега одигра само 141 минута во сите натпреварувања оваа сезона, а се очекува по камбекот по повредата на Ито и на Станишиќ тој да биде дури петта опција во одбраната.
Договорот му истекува на крајот од сезонава, но Англичанецот веќе во јануари ќе добие зелено светло за заминување за минимална отштета. Неколку англиски клубови покажаа интерес да го вратат екс-репрезентативецот во Премиер-лигата, но последните информации говорат дека Дајер има на маса и сериозна понуда од Обединетите Арапски Емирати што сериозно размислува да ја прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

