Издржи Икер: Поддршка од сите страни во најтешката битка на Касилјас

Светскиот фудбал денеска е во шок по информацијата дека Икер Касилјас преживеал срцев удар за време на тренингот на екипата на Порто.

Извонредниот голман се наоѓа надвор од животна опасност, но дополнителните тестови и прегледи ќе покажат дали тој ќе може да ја продолжи кариерата и да го брани дресот на португалскиот гигант. Во меѓувреме, преку социјалните мрежи до Касилјас стигнуваат бројни пораки со желби да издржи во најтешката борба.

Серхио Рамос, Рафаел Надал и Герет Бејл се само дел од врвните спортисти кои испратија вакви пораки до Касилјас, исто како и рели-возачот Карлос Саинц, кошаркарот Руди Фернандез, тренерот на кошаркарскиот тим на Реал, Пабло Ласо…

Пораки со поддршка пристигнуваат и од клубовите ширум Европа, меѓу првите се јавија неговот долгогодишен клуб Реал Мадрид и каталонскиот гигант Барселона, ривалот на Порто од Португалија, Спортинг Лисабон, како и Рома…

За врвен спортист како Икер Касилјас јасно е дека поддршката ќе биде огромна, останува тој да издржи во својата борба, за повторно да можеме да го видиме на фудбалските терени, до пензионирање какво што заслужува по своја желба, а не од здравствени причини.

Се вчитува...