Извонреден човек и врвен дриблер, виртуоз со топката. Вака соиграчите од хрватскиот нисколигаш ФК Сокол од Соколовац го опишуваат 32-годишниот Нино Адамиќ. Иако подолго време не играл фудбал, и наспроти очигледниот вишок килограми, сепак веднаш се одзвал на повикот да му помогне на Сокол да се спаси од испаѓање и исчезнување од фудбалската карта.
И, иако на прв поглед веројатно за потсмев, сепак и со овие килограми покажува дека може да игра. А, во клубот, според техниката, го споредуваат со Крањчар и Просинечки.
„Неговите топки имаат очи, ги дели на соиграчите како со рака. Штета за килограмите, ако малку поработи на физичка подготовка, би бил за нас идеално засилување“ – велат соиграчите од ФК Соколо за Нино.
А, Нино има 182 сантиметри и 140 килограми. Фудбал почнал да игра во пионерската школа на Славен Белупо се до младинска категорија. Тренерите од пониските лиги во Хрватска нагласуваат дека е школуван фудбалер. Да го нема проблемот со килограмите би можел да игра и во далеку поквалитетни клубови во Хрватска.
„Тој е и предобар човек со огромно срце. Кога му се јавивме дека имаме проблеми со составот и ни треба помош за клубот да не пропадне, веднаш се појави и рече дека ќе помогне колку може и покрај тоа што знаеше дека заради изгледот може да биде цел на потсмев. Но, тоа не му смета се додека знае дека може да ни помогне“ – велат од ФК Сокол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА