Од фудбалскиот клуб Барселона известуваат дека изградбата на навиот „Камп ноу“ оди според планот. Првите натпревари на реновираниот стадион клубот треба да ги одигра во ноември 2024 година, а целата работа ќе биде завршена до 2026 година.
Дотогаш, додека со нетрпение ги очекуваат победите на својот тим на „Монжуик“ , навивачите на Барселона имаа можност самите да се уверат во сериозноста на проектот во кој нивниот клуб влезе летово.
Целосно реновиран и покриен, новиот „Камп Ноу“ ќе има седишта за 104.000 навивачи, што ќе го направи најголемиот фудбалски стадион во Европа.
Construimos el nuevo Spotify Camp Nou pic.twitter.com/zVoJGKEYze
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА