Барселона доживеа вистинско посрамотување во финалето од Суперкупот на Шпанија. Реал Мадрид славеше со убедливи 4-1 за уште еден трофеј во своите витрини.
Тренерот на Барса, Чави Хернандез доби бројни критики по натпреварот, а тој некако искрен во изјавите само го потврди очајот во кој се наоѓа неговиот тим.
„Разочаран сум и тажен, но тоа е фудбалот и мора да се помириме со тоа. Штета, имавме многу надеж пред мечот. Лошо тргнавме, па се вративме, но немавме сили за нешто поголемо. Не се чувствувавме добро на теренот, тоа е очигледно. Сум доживеал многу неуспеси во Барселона, но секогаш може да кажам – Барса ќе се врати“ – истакна Чави по мечот, испраќајќи и извинување до навивачите.
„Игравме најлошо што можеме. Одговорен сум и ги прифаќам сите критики. Продолжуваме напорно да работиме, им се извинувам на навивачите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

