ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата во Копенхаген, пред утрешниот историски натпревар против Данска за пласман на СП 2026, се осврнаа и на изјавата на еден од најдобрите репрезентативци на Данска и соиграч на Елиф Елмас од Наполи, Расмус Хојлунд.
Хојлунд на стартот од собирот пред дуелот со нашата селекција, за данските медиуми истакна дека „Македонија не е ниту Германија ниту Франција, и дека секако Данска мора да ја победи“.
„Мора да кажеме дека таа изјава на Хојлунд донесе лутина меѓу фудбалерите но и дополнителен мотив за она што не очекува утре. Секако дека едно такво потценување, е најмалку спортски но за нас и тоа како мотивирачко“ – рече Седлоски.
А, капитенот Барди информираше дека и Елиф Елмас изминативе денови разговарал со нашите дефанзивци околу начинот на кој треба да се бранат пред Хојлунд.
„И самиот Елиф се мотивираше од таа изјава на Хојлунд, но и разговараше со нашите дефанзивци околу начинот на кој напаѓа данскиот репрезентативец, советувајќи ги како треба да се бранат и на што треба да обрнат внимание“ – рече Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

