Излегоа нови докази – Словенецот Винчиќ и направил грабеж на Аргентина (ФОТО)

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ја приреди најголемата сензација досега СП во Катар откако утрово славеа над Аргентина со 1-2 во натпреварот од првото коло во групата Ц. Аргентина имаше два поништени гола во првото полувреме, а особено под знак прашалник беше вториот гол на Лаутаро Мартинез.

Иако, ВАР покажа дека напаѓачот на Интер е во офсајд, излегоа нови докази кои велат дека главниот судија на мечот, Словенецот, Славко Винчиќ ги ограбил Аргентинците.

Аргентина мора да се опорави пред последните два натпревари против Мексико и Полска, но за нивна среќа средбата меѓу двете споменати селекции заврши без голови, па Аргентинците имаат уште на што да се надеваат.

 

Се вчитува...