Излезе од затвор и потпиша за „фенерџијата“ во Русија

Поранешниот руски репрезентативец Александер Кокорин e подготвен за враќање на фудбалските терени неколку месеци по одлежаната затворска казна, откако 28-годишиот голгетер се договори за преселба во таборот на Сочи.

Кокорин мина 11 месеци во затвор поради предизвикување на две тепачки во центарот на Москва заедно со репрезентативниот колега Мамаев, а по излегувањето на слобода се приклучи на тренинзите на Зенит, но не доби шанса да настапи за овој клуб. Целта ситуација ја искористија челниците на Сочи, клуб што е „фенерџија“ на табелата во руското првенство, успевајќи да договорат Кокорин да ги мине следните месеци во дресот на оваа екипа.

Зенит веќе даде зелено светло, Кокорин се сели во Сочи на позајмица до крајот на сезонава, со можност неговиот договор да биде целосно откупен во текот на летото.

Рускиот голгетер е член на Зенит од 2016 година, има одиграно 92 средби за тимот од Санкт Петербург и постигнато 34 погодоци. Тој има настапено и на 48 средби за руската репрезентација, притоа постигнувајќи 12 гола.

Се вчитува...