Излив на силни емоции на „Енфилд“ – Салах плачеше…, морници во 20. минута во чест на Жота (ВИДЕО)

Излив на силни емоции на „Енфилд“ синоќа на отворањето на новата сезона во Премиерлигата. Ливерпул славеше во извонреден натпревар со 4-2 против Борнмут, во меч кој целосно остана во знак на сеќавања на неодамна прерано загинатиот фудбалер на „црвените“, Диого Жота.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.

Очигледно беше дека неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се бори со своите емоции, па тоа некако се чувствуваше и во играта се до последните моменти кога ‘експлодираше’ по постигнатиот четврти гол за својот тим.

Голот му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш славеше Португалецот, а на крајот од натпреварот Салах не можеше да се воздржи и се расплака.

И самиот натпревар почна со оддавање почит за Жота, а во 20. минута уште еден силен емотивен момент кога цел „Енфилд“ на нозе низ песна го славеше португалскиот фудбалер.

Се вчитува...