Измама тешка 1,5 милиони евра: Обложувалниците примале уплата и загубиле огромни пари на „фантомски натпревар“

Бразилските власти покренаа истрага поради тоа што во домашните обложувалници примена е огромна уплата за натпревар кој воопшто не се играл.

Обложувачката мафија, во корелација со обложувалниците, смислиле натпревар наводно одигран на 25. март меѓу нисколигашите Андраус и Гремио Серана и тоа кога во оваа земја веќе беше прогласена вонредната состојба и беа забранети сите натпревари. Но, тоа не сметало во неколку обложувалници да бидат уплатени речиси 1,5 милиони евра.

Од натпреварот не постои никаков пишан траг. Сепак, адвокатот на Андраус, Марлус Даледон вели дека неговиот клуб организирал натпревар за скаутирање на играчи, иако не постои никаков доказ за одигрување на мечот. И застапникот на вториот клуб тврди дека натпреварот го одиграле, но на дека на терен имало голем број фудбалери кои не се членови на нивните екипи.

Обвинителството сослуша голем број сведоци кои тврдат дека натпреварот се одиграл, но дека бил само пријателски на кој можело да се обложат кај 200 букмејкери.

Интересно е дека Бразил не е единствена земја каде постојат сомнежи за одиграни фантомски натпревари кои биле во он-лајн понуда, туку дека имало и во Русија.

Се вчитува...