Измамници успеале да заработат пари на смртта на Диого Жота

Веб-страницата што се претставуваше како Фондацијата Диого Жота е отстранета од интернет по сериозни обвинувања дека организацијата нема никаква врска со семејството на трагично починатиот фудбалер на Ливерпул, ниту со клубот. До моментот кога страницата беше затворена, наводно собрала речиси 75.000 евра донации.

Фудбалскиот свет беше шокиран од сообраќајната несреќа во јули во која Диого Жота и неговиот брат ги загубија животите, само неколку дена по венчавката на Жота со неговата долгогодишна партнерка Рута Кардосо.

Страницата под доменот „diogojotafoundation.org“ беше лансирана само три дена по смртта на играчот и до 21 август собра значителна сума. Но, од утрово, веб-страницата е неактивна и ги пренасочува корисниците кон платформата за хостирање. Ливерпул потврди дека ниту клубот ниту семејството Жота немале никакво знаење за наводната фондација.

Дополнителни сомневања беа покренати од логоата на УНИЦЕФ, Алијанц, португалските невладини организации за развој и Ливерпул на страницата, иако најмалку три од четирите организации потврдија дека не се поврзани со иницијативата.

Се вчитува...