По разочарувачкиот настап во Торшавн против Фарски Острови, селекторот Благоја Милевски со неколку замени ќе го почне вечерашниот натпревар против Ерменија. Така на десната страна на бековската позиција ќе почне Бојан Димоски, на местото на Ахмет Иљазовски. Димоски почна на левата страна против Фарски Острови, а потоа се префрли на десната.
Тоа ќе значи дека Езџјан Алиоски се враќа на левата бековска позиција. Кај стоперите не се очекуваат поголеми измени, односно стартуваат Муслиу и Серафимов.
Ќе има промени и во средниот ред. Елмас сега ќе оди на левата страна, а Барди ќе биде офанзивен играч за врска, додека на двете позиции последен играч за врска ќе бидат Алими и Костадинов. На десно се очекува повторно да стартува Чурлинов, играчот кој ги имаше двете најдобри шанси во Торшавн.
Во нападот ќе се најде осамен Бојан Миовски, исто како и во првото коло во Торшавн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА