Изморениот Надал се откажа од Синсинати

Рафаел Надал нема да учествува на Мастерсот во Синсинати соопшти организаторот на турнирот. Шпанецот вчеравечер ја освои 35-титула од турнирите од Мастерс 1000 серијата откако петти пат триумфираше на „Роџерс Куп“.

Како што стои во соопштението, Надал во Синсинати нема да игра поради замор. Шпанецот оваа сезона има биланс од 41 победа, а пред титулата во Монтреал, славеше и на турнирот во Рим и на Ролан Гарос. Следниот тунрир на кој ќе се појави Надал е УС Опен кој почнува на 26 август.

Во Синсинати ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои го пропуштија канадскиот Мастерс.

Поради промени во распоредот на турнирот во Синсинати нема да учествува ниту Бјанка Андреску која дојде до титулата на „Роџерс Куп“ откако Серена Вилијамс и го предаде финалето поради болки во грбот.

 

 

 

 

Се вчитува...