Изнајмена подморница во потрагата по Сала

Семејството на Емилијано Сала не се откажува од потрагата по авионот во кој се урна аргентинскиот голгетер, па со парите собрани од донации од бројни фудбалери го ангажираше Дејвид Мернс, морски биолог и специјалист во потрага по урнати авиони.

Мернс, кој досега има пронајдено 25 авиони кои се имаат урнато во водена површина, е оптимист дека и оваа потрага ќе заврши успешно.

„Во оваа работа нема гаранции, но шансите да го најдеме се добри. Проблемот е што авионот е мал, а регионот е голем и во него има и остатоци од други летала. Сепак, семејството е одлучно и сигурно нема да се предадеме“ – изјави Мернс.

Тој во потрага ќе користи брод со најсовремена технологија, но и мала подморница со која ќе може да забележи доколку авионот е потонат во најдлабоките делови од водата.

Едно е сигурно – позитивно е што потрага продолжува откако беше прекината од британските власти, со неа повторно се појавува и надежта дека авионот конечно ќе биде пронајден, а со тоа и одговорите што точно се случило за време на кобниот лет од Нант до Кардиф.

Се вчитува...