Деснокрилниот фудбалер на Пелистер, Петар Ристиќ го напушти клубот после само четири месеци, откако не е задоволен од минутажата во битолскиот тим. Ова напуштање е изненадување, ако се има во предвид дека Ристиќ беше најдобар асистент во екипата во есенскиот дел од сезоната, и запиша четири асистенции (две против Шкупи и две против Македонија ЃП).
25-годишниот српски интернационалец дојде во септември минатта година од Трајал Крушевац, а во последните неколку натпревари играше само епизодна улога, односно повеќе беше на клупата отколку на теренот, па така се одлучи да го напушти клубот.
Во минатото гираше и во Мачва, Радник Сурдулица и Раднички Ниш. Најверојатно ќе се врати во Србија и таму ќе ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

