Изненадувачка вест: Жорди Алба по 11 години заминува од Барселона!

Изненадувачака вест од Барселона за заминување на уште една легенда на клубот, Жорди Алба. Откако претходно Серхио Бускетс одлучи дека за него е време за некој нов предизвик, сега и Алба со одлука за заминување од клубот по цели 11 години.

Изненадувачка вест затоа што Алба има активен договор со Барса до јуни 2024 година. Медиумите најавуваа претходно можност за намалување на неговата плата но останување во клубот, за да сега Фабрицио Романо потврди преку социјалните мрежи дека Алба заминува од „Камп Ноу“.

Меѓутоа и покрај успешната кампања ќе има сериозни промени на „Камп Ноу“ ова лето, па така веќе некое време е познато дека си заминува капитенот, лидерот на овој тим Серхио Бускетс кој одлучи дека е време за нов предвизик.

Жорди ги освои сите можни трофеи со Каталонците, долго време беше незаменлив на левата бековска позиција, за да сега се одлучи на заминување пред крајот на договорот.

Медиумите во Шпанија најавуваат дека тој и Бускетс ќе имаат збогување со клубот пред домашните навивачи на престојниот натпревар против Мајорка на „Камп Ноу“.

Се вчитува...