Звучи неверојатно, но е вистинито. Германскиот голман Лорис Кариус би можел да се врати во Премиерлигата, и да ги засили редовите на Њукасл, пишуваат англискиот „Скај“. Кариус во моментов е слободен агент, откако заврши со „авантурите“ во Ливерпул.
Германецот би требало да биде замена за повредениот Карл Дарлоу, и да му биде замена на Ник Поп кој е прв избор сезонава за Њукасл.
Тоа би било изненадувачки трансфер, со оглед дека Кариус е познат по многуте киксови кои ги правеше, особено после финалето во ЛШ во 2018 година, кога му поклони два гола на Реал Мадрид, а Ливерпул го загуби трофејот поради него. После тоа „црвените“ го донесоа Алисон, и за Кариус тоа беше крај на епизодата.
Потоа Ливерпул го испрати во Бешикташ, но на киксовите никако не им дојде крајот. Беше кратко позајмен и во Унион Берлин, ама без значајни настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

