Голден Стејт доживеа изненадувачки пораз на домашен терен од Милвоки со 111-134 во синоќешниот натпревар од НБА лигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Бледсо со 26 поени, дополнети со четири скока и шест асистенции. Антетокуомпо запиша 24 поени, девет скокови и четири асистенции.
Портланд славеше против ЛА Клиперс со 116-105 стигнувајќи до деветата победа сезонава. До триумфот предводеше Демијан Лилард со 25 поени, притоа и со по четири скока и асистенции. Го следеше Си-џеј Мекалум со 23 поени и 7 скока, додека босанскиот центар Јусуф Нуркиќ постигна 16 поени, дополнети и со 9 скока.
Најефикасни кај Клиперси беа Галинари и Лу Вилијамс со по 20 поени.
Во останатите два натпревари од синоќа Оклахома го победи Хјустон со 98-80 а Бостон по продолжение беше подобар од Феникс со 109-116.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

