Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва доживеаја шокантен пораз на домашен терен од Енисеј со 65-74 во 32. коло од руската ВТБ лига.
Клучен во натпреварот беше последниот период во кој „армејците“ постигнаа само десет поени, што беше доволно за голем триумф на гостите. Амат Мбаје со 16 поени беше прво име во таборот на ЦСКА, додека кај победникот Џеремаја Мартин беше неверојатен со 28 поени.
Сега во пол-позиција за плеј-офот е актуелниот шампион Уникс Казањ на нашиот Ненад Димитријевиќ кој доколку победи се до крајот на оваа фаза ќе има предност на домашен терен во разигрувањето за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА