Изненадувачки прв трансфер во својата кариера – Рашфорд пред голем предизвик!

Маркус Рашфорд најверојатно ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, па ќе мора да го направи првиот трансфер во својата кариера.

Според „Daily Mail“, 24-годишниот напаѓач има понуда од Арсенал, тренерот Микел Артета во него гледа одлични напаѓачко засилување за својот тим следната сезона.

Артета ќе се обиде да ги искористи незадоволството на Рашфорд во Јунајтед и да го донесе во лондонскиот тим, со што ќе биде воедно и голем трансфер.

Поради слабата форма, напаѓачот остана без повик за англиската репрезентација, што пак може да биде добра најава за прв трансфер во неговата кариера. За Јунајтед дебитираше пред седум години, одигра 297 меча и постигна 93 гола.

Се вчитува...