Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ со крајот на сезоната замина од редовите на Милан и кариерата ќе ја продолжи во грчкиот прволигаш Аек каде наскоро се очекува официјализирање на двогодишна соработка, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.
Јовиќ долго време се поврзуваше со егзотичен трансфер во шампионот на Мексико, Круз Азул. До истиот нема да дојде, но Јовиќ повторно изненади со изборот.
Српскиот напаѓач со успех настапуваше за Антрахт Франкфурт пред да реализира трансфер вреден 63 милиони евра во Реал Мадрид во 2019 година. Сега 27-годишникот не успеа да се наметне во „кралскиот клуб“ по што следеше трансфер во Милан каде повторно не успеа да ја преслика врвната форма која ја прикажа во Бундеслигата па не му беше понудено продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

