Џанлуиџи Буфон до крајот на јануари може да премине во Милан, пренесуваат италијанските медиуми. „Росонерите“ се мачат на голманската позиција по повредата на Мајк Мањан и во 44-годишникот гледаат како спасител за предизвиците кои следат.
Буфон е голема желба на Паоло Малдини и тој веќе започнал разговори со легендарниот голман на Јувентус кој веќе две сезони брани за второлигашот Парма.
Покрај Јувентус за кој настапи на 685 натпревари и Парма на нешто повеќе од 250 натпревари Буфон во својата блескава кариера стоеше и меѓу стативите на ПСЖ во сезоната 2018/19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА