Англискиот премиерлигаш Челси е подготвен да реализира изненадувачки трансфер во зимскиот преоден рок. Италијанскиот стратег Маурисио Сари сака да го доведе на „Стемфорд бриџ“ напаѓачот на Бурнмут, Калум Вилсон. Тој игра во одлична форма оваа сезона, постигна седум гола и забележа пет асистенции на 13 натпревари и доби и дебитантски повик во репрезентацијата на Англија.
Сари смета дека Калум Вилсон би се вклопил во неговиот стил на игра во Челси, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува околу 40 милиони евра. Италијанецот е подготвен да ги плати за да ја засили конкуренцијата во навалниот ред и да се бори до крај за шампионската титула со актуелниот првак Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА