Изненадувачки трансфер на „Меаца“: Интер го промовираше Класен

Иксуниот холандски фудбалер 30-годишниот Дејви Класен, стана нов фудбалер на Интер. Досегашниот играч на Ајакс по три години минати во овој клуб во вториот мандат, се одлучи да се проба во Серија „А“, откако претходно не успеа да се наметне во англиската Премиерлига, и во германската Бундеслига.

Класен е дете на Ајакс, а во 2017 година прави трансфер во Евертон, каде очекуваа многу од него. Но, во една сезона одигра само седум меча, по што заминува во Вердер Бремен, каде минува две сезони, па се враќа во Ајакс. Во последните три години во тимот од Амстердам на 93 меча постигна 29 гола.

За многумина навивачи на Интер, овој трансфер е изненадување. Но, доаѓа откако пропадна трансферот на Лазар Самарџиќ од Удинезе. Претходно за Интер потпишаа и Алексис Санчез, Јан Зомер, Бенџамин Павар, Хуан Куадрадо, Марко Арнаутовиќ, Маркус Турам, Давиде Фратези.

Се вчитува...