Данецот Холгер Руне и Џек Дрејпер од Велика Британија ќе играат во финалето на АТП Мастерсот во Индијан Велс, наспроти очекуваното финале меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев.
Руне ќе се бори за својата прва титула во Индијан Велс, откако го победи Медведев со 2-0 (7-5, 6-4). По оваа победа Руне му направи услуга и на Новак Ѓоковиќ кој се задржа на петтата позиција на АТП листата.
Џек Дрејпер, пак приреди вистинско изненадување, поведувајќи го двојниот и актуелен шампион на турнирот Карлос Алкараз со 2-1 (6-1, 0-6, 6-4). За Дрејпер ова е прво Мастерс финале воопшто во кариерата, а ќе се бори за третата титула на АТП турнирите.
Финалето е закажано за вечерва од 22 часот.
Во женска конкуренција, во финалето ќе играат Сабаленка од Украина и Андреева од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА