Српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ наскоро би можел да седне на селекторското место на кинеската кошаркарска репрезентација, пренесуваат српските медиуми. Веќе искусниот тренер е без ангажман по отказот од Фенербахче, а и покрај тоа што се споменуваше превземање на Реал Мадрид, доколку не дојде до ангажман во Шпанија, ќе ја превземе азиската репрезентација.
Ѓорѓевиќ веќе има репрезентативно искуство предводејќи ја Србија до сребрени медали на Светското првенство во 2014 година, Олимписките Игри во Рио и Евробаскетот во 2017 година. Во клупската кариера ги предводеше Олимпија Милано, Бенетон, Панатинаикос, Баерн Минхен, Виртус Болоња и Фенербахче.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

