Арсенал реди победи на фудбалскиот пазар откако по потписот на Дани Себалјос „топчиите“ успеаја да го ангажираат и еден од најпосакуваните фудбалери летово. Станува збор за Камерунецот Николас Пепе, за кого во текот на летото се интересираа бројни клубови, а четири од нив постигнаа и договор со Лил околку висината на отштетата.
Францускиот клуб објави дека прифатил четири понуди во висина од вкупно 80 милиони евра за Пепе, кои пристигнаа од Ливерпул, Арсенал, Наполи и Интер. Агентот на Камерунецот пред два дена беше на преговори со „наполитанците“ во тренинг-базата Димаро, но италијанскиот вицепрвак ја загуби трката од „топчиите“. Пресудна беше платата од пет милиони евра по сезона плус бонуси, понуда на Арсенал што е за еден милион годишно повисока од онаа на „наполитанците“.
„Скај Спортс“ објави дека трансферот ќе биде официјализиран во следните 48 часа, кога се очекува и Пепе да пристигне на лекарски прегледи во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА