Изненадување: Баерн Минхен ќе потпише со Дејли Блинд

Холандскиот фудбалски ветеран Дејли Блинд ќе ја продолжи кариерата во дресот на Баерн Минхен, откако експресно ги договори условите за 18-месечен договор со баварскиот гигант.

Искусниот дефанзивец е слободен играч откако веднаш по СП 2022 доби раскин на договорот со Ајакс, но се шпекулираше дека тој кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче, и тоа на местото на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски. Преговорите се одолговлекоа, а Баерн го искористи тоа за експресно да најде заеднички јазик со 32-годишниот дефанзивец кој своевремено ги бранеше и боите на Манчестер Јунајтед.

Иако примарна позиција му е лев бек, се очекува тој да настапува како централен дефанзивец во Баерн, како замена за повредениот Лукас Хернандез, за кого оваа сезона предвреме заврши по тешката повреда заработена на самиот почеток на СП 2022.

Се вчитува...