Хрватскиот интернационалец Анте Будимир во последните години е еден од најдобрите фудбалери на Осасуна.
Со своите голови за Осасуна, Будимир се профилираше како еден од најдобрите напаѓачи во Ла Лига.
Хрватскиот напаѓач оваа сезона постигна 12 гола на 24 настапи во Примера и Купот на кралот, што не остана незабележано во Каталонија.
Според шпанските медиуми, Барселона е заинтересирана за неговите услуги. Каталонскиот гигант сака да го доведе Будимир за 10 милиони евра и со тоа да го засили својот напад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

