Екипата на Бенфика заврши како првопласирана во групата „Ц“ на светското клупско првенство, откако успеа да го совлада тимот на Баерн Минхен, во решавачкиот меч за првата позиција. Минималната победа од 1-0 го однесе португалскиот тим од подобра позиција во 1/8 финалето.
Шјелдеруп уште во 13. минута погоди во мрежата на Нојер по една акција, и така ја донесе победата.
Баерн Минхен и покрај шансите во текот на целиот меч, и уфрлањето во игра на Кејн, Олисе, Кимих…, сепак не успеа да го постигне голот, потребен за првата позиција.
Вториот меч помеѓу Бока Јуниорс и Окленд Сити е прекинат во 53 минута, поради тоа што гром удри во близина на стадионот, при што имаше прекин со напојувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

