Валтери Ботас ги изненади фаворитите стигнувајќи до пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Бахреин, прва пол-полиција во кариерата на финскиот возач. Луис Хамилтон беше фаворит за да освои нова пол-позиција и на денешните квалификации, но Ботас го изненади својот тимски колега поставувајќи најбрз круг, за 0,052 секунди побрз од Британецот.
Хамилтон имаше можност во последниот круг да го надмине времето на Финецот, но се соочи со мали проблеми на средината од патеката и на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција. Себастијан Фетел ќе стартува како третопласиран на утрешната трка, а зад возачот на Ферари ќе се најдат Рикиардо, Раиконен, Верстапен, Хулкенберг, Маса, Грожан и Палмер.
За одбележување е дека Фернандо Алонсо повторно имаше сериозни проблеми со болидот, поради што го освои само 15. место во денешните квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА