Челси се уште го бара идеалното решение за тренерската позиција по отказот на Грем Потер. Френк Лампард доаѓа само како привремена замена, а и покрај тоа што „сините“ се заинтересирани за Јулијан Нагелсман и Луис Енрике, тие одбија да го превземат клубот при самиот крај на сезоната.
Покрај Германецот и Шпанецот како изненадувачка опција сега се јави и Марсело Галардо. 47-годишниот аргентински стратег веќе бил контактиран од Челси, а по контактот и започнал со усовршување на англискиот јазик, пренесуваат аргентинските медиуми.
Галардо има играчко европско искуство со настапи за Монако и ПСЖ, а најголемиот успех во тренерската кариера го оствари во клубот каде што важи за легенда – Ривер Плата. Предводејќи го аргентинскиот клубот од 2014 до 2022 година освои се што можеше да се освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

