Изненадување: Димитар Мираковски повторно на клупата на Работнички!

Димитар Мираковски е изборот на раководството на КК Работнички за нов тренер на „центарци“ за наредната натпреварувачка сезона. ЕКИПА дознава дека „црвено-белите“ од „Градски Парк“ по долги дилеми конечно го решија прашањето за тренерската функција, доделувајќи му ја на младиот стратег за кого ова ќе претставува камбек на клупата на Работнички.

Мираковски пристигна на кормилото на „центарци“ веднаш по завршувањето на играчката кариера, преземајќи го раководењето со првиот тим откако Марин Докузовски се пресели од тренерската на директорската функција. Во двете сезони во кој клубот влезе со сериозни амбиции младиот стручњак не ги оправда очекувањата, но овојпат ситуацијата е поинаква, Работнички ќе тргнува со пониски желби и најава за значително подмладување на играчкиот кадар.

Во една таква ситуација, управата верува дека Мираковски со своето богато играчко искуство може да им биде од помош на помладите кошаркари, кои по добрите игри во младинските категории се очекува сезонава да добијат шанса и во Првата лига.

По официјалниот потпис на договорот со новиот тренер ќе следи и екипирање на играчкиот ростер. Меѓу првите кои се очекува да потпишат договор со Работнички е поранешниот центар на Куманово и МЗТ Скопје 2, Леонид Тодоровски, кој ланската сезона ја мина во дресот на Академија ФМП.

Се вчитува...