Ферари во досегашниот дел од сезоната беше далеку од битката за титула, но италијанскиот тим покажа значаен напредок на денешните квалификации за пол-позицијата за белгиското гран-при, во кое Ферари стигна до еден-два победа.
Леклер ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка на патеката „Спа“, а веднаш зад него ќе биде Германецот Себастијан Фетел. Мерцедес немаше свој ден, добра вест за овој тим е што Хамилтон по излетувањето на последниот тренинг беше во можност да се појави на патеката и да вози на овие квалификации. Актуелниот светски првак денеска го освои само третото место со 0,763 секунди послабо време од победникот, а веднаш до него ќе се најде Валтери Ботас.
Ферстапен ќе ја стартува утрешната трка од петтото место, непосредно пред поранешниот тимски колега Рикиардо, а меѓу десетте најдобри возачи во денешните квалификации се најдоа уште и Хулкенберг, Раиконен, Перез и Магнусен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА