Изненадување: Ибра не се пензионира, но мора да замине од Милан

Златан Ибрахимовиќ повеќе не е дел од плановите на Стефано Пиоли во Милан, што е причина шведскиот голгетер да мора да си замине од „Сан Сиро“ на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Иако веќе влезе во петтата деценија од животот, шведскиот ветеран не планира да се пензионира летово, но останал разочаран од одлуката воопшто да не му биде понуден нов договор.

Златан минатото лето се согласи на огромно намалување на платата само за да остане во клубот, но тешката повреда го оддалечи подолго време од терените. Тој неодамна го имаше својот камбек во дресот на Милан, но потоа следеше уште една повреда и нова пауза. Токму честите повреди се причините поради кои „росонерите“ немаат намера да го задржат Ибракадабра, а желба е да се доведе млад и перспективен напаѓа во ситуација кога во тимот веќе имаат ветеран како Жиру.

Самиот Ибрахимовиќ не сака да ја заврши кариерата на ваков начин, па се очекува да замине во нов клуб каде би играл уште најмалку една година. Како опција во италијанските медиуми се споменува Монца предводена од Берлускони и Галијани, тандемот со кого Ибра имаше беспрекорен однос додека го носеше дресот на Милан.

Се вчитува...