Барселона и Сасуоло постигнале договор за позајмица на Кевин Принс Боатенг вредна 2 милиони евра, со можност за откуп на договорот кој би чинел 8 милиони евра. Интернационалецот од Гана се враќа во шпанскиот фудбал откако каталонскиот тим проценил дека тој е вистинското решение за засилување на средниот ред.
Боатенг претходно во Шпанија настапуваше за Лас Палмас. Поранешниот фудбалер на Милан во најголем дел од кариерата беше дел од германски клубови, Херта, Шалке , Борусија Дортмунд, Ајнтрахт, а има и сезони во Тотенхем и во Портсмут.
На репрезентативно ниво во младинските категории беше дел од германската репрезентација, а како сениор се натпреваруваше за Гана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА