Изненадување: Кристијано Роналдо заминува од Саудиска Арабија?!

Кристијано Роналдо би можел ова лето да замине од Саудиска Арабија и да се врати во Европа со изненадувачки трансфер, пренесуваат тамошните медиуми.

Португалецот и неговиот Ал-Наср нема да стигнат до трофеј и оваа сезона со оглед на тоа што веќе претрпеа елиминација во Суперкуп натпреварувањето, а во првенствениот дел заостануваат 12 бодови зад Ал-Хилал. Поради тоа искусниот фудбалер трпи жестоки критики од медиумите и не е задоволен од целата ситуација.

Изненадувачкиот трансфер би бил во Португалија, потточно во неговиот поранешен клуб Спортинг од кој замина во 2003 година. Спортинг оваа сезона е на добар пат да ја освои дваесеттата титула во сезоната, а Роналдо на камбек во татковината гледа како идеална шанса за крај на кариерата.

Како потсетување, токму Роналдо го предводеше европскиот бран во Саудиска Арабија откако во 2022 година потпиша две и пол годишен договор вреден 200 милиони евра, добивајќи ја најголемата плата во историјата на фудбалот.

Се вчитува...